„Фабрегас никогаш не побарал да замине од Комо“

by riste
1 минути читање
Фабрегас

Претседателот на Комо, Мирван Суварсо вели дека Сеск Фабрегас ниту побарал да замине од клубот, ниту се обидел интересот на Интер да го злоупотреби за добивање на подобар договор.

Во изминатите денови се шпекулираше дека Интер силно го посакува Фабрегас, дека тие ги договориле личните услови со стратегот, но Комо не го пушта.

Претседателот на Комо сега ја кажува својата верзија.

„Сеск Фабрегас никогаш не побарал да си замине, ниту пак некогаш ја искористил заинтересираноста од други клубови како средство за лична или финансиска корист“, вели Суварсо.

„Се однесуваше со достоинство, искреност и непоколеблив професионализам. Неговата интегритет зборува погласно од било какви гласини, и ние сме горди што имаме личност со таков карактер како водач на нашиот тим“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани