Фабио Гросо пред нов тренерски ангажман во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Фиорентина е на чекор до назначување на Фабио Гросо за нов тренер, пренесуваат италијанските медиуми.

Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, двете страни веќе ги усогласиле условите од договорот, а официјалната потврда се очекува во наредните денови.

Поранешниот италијански репрезентативец и светски шампион од 2006 година треба да потпише договор на две години, со можност за продолжување на уште една сезона.

Гросо доаѓа во Фиренца по разделбата со Сасуоло, кој минатата сезона испадна од Серија А.

Италијанските медиуми наведуваат дека Фиорентина уште во март воспоставила први контакти со него, со договор разговорите да продолжат по крајот на сезоната и по конечниот расплет околу ситуацијата во Сасуоло.

Со доаѓањето во Фиренца, Гросо повторно ќе соработува со спортскиот директор Фабио Паратичи, кој во минатото му овозможи прв тренерски ангажман во младинскиот систем на Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×