ФА е пред голем испит, дали да го продаде стадионот Вембли кој отсекогаш бил дом на англиската репрезентација и место каде што се играат финалињата на куповите во оваа земја.
Во моментов таму игра Тотнем, но само оваа сезона додека се изгради новиот Вајт Харт Лејн.
ФА потроши 757 милиони фунти за да го изгради новиот Вембли, се може да си ги врати овие пари и да заработи.
Предлогот е интересен бидејќи во понудата на сопственикот на фудбал стои дека Вембли ќе остане дом на англиската репрезентација и таму ќе продолжат да се играат финалињата од куповите и плејоф дуелите за пласман во повисок ранг во англиските лиги.
Освен на Фулам, Кан е сопственик и на франшизата на Џексонвил Јагуарс (НФЛ). Неговото богатсгво се проценува на околу 5,5 милијарди фунти.