Езѓан Алиоски и Ал Ахли ќе играат финале во азиската ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски со Ал Ахли се пласираше во финалето на Лигата на шампионите во Азија.

Ал Ахли славеше против големиот ривал и најсилен клуб од Саудиска Арабија, Ал Хилал со 3-1 (2-1). На овој натпревар Алиоски беше стартер и асистент при голот на Ајван Тони во 49. минута од средбата, гол кој беше поништен. Интересно е тоа што по само дваесет секунди игра македонскиот фудбалер доби жолт картон.

Со головите на Фирмино и Ајван Тони екипата на Ал Ахли се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

За трофејот Алиоски и соиграчите ќе се судрат со Ал Наср на Кристијано Роналдо или Кавасаки Фронтале кои играат во второто полуфинале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани