По три
разочарувачки резултати, „Топчиите“ им се вратија на победите во Премиерлигата.
Попладнево,
Арсенал со минимални 1-0 го доби дуелот со Њукасл на Емирати. Херој на
домаќините беше Месут Озил. Германецот во 23. минута одлично зафати еден волеј
удар и постигна еврогол, кој на крајот се покажа како клучен за трите бода.
Челси исто така со
1-0 славеше во дуелот со Саутемптон, победата за „Сините“ ја донесе Маркос
Алонсо.
Шпанецот во
последните секунди од првиот дел биеше мајсторски и милиметарски точно од
слободен удар. Неговиот обид мина крај
живот ѕид, веднаш до стативата и ја затресе мрежата и покрај тоа што Форстер се
испружи колку што е долг.
На преостанатите
две средби од 16 часот, Хадерсфилд со 1-4 славеше на гостувањето кај Ватфорд, а
Брајтон и Барнли одиграа 0-0.