По трансферите на Ченк
Тосун и Тео Волкот, екипата на Евертон во значителна мера се засили во
офанзивата, токму тоа беше најболната точка на тимот од „Гудисон Парк“ откако
си замина Ромелу Лукаку, а тоа остави длабока трага во играта.
По преземањето на кормилото,
Сем Алардајс мошне сериозно ја сфати својата обврска во клубот, но тој повторно
падна во криза откако нанижа три порази во серија.
Според информациите кои
ги пренесуваат дел од медиумите на Островот, се вели дека раководството на
клубот и покрај големите средства потрошени на засилувања, нема намера да
запре, па се најавува остварување на најголемата желба на Алардајс, и тоа
напаѓачот на Лестер, Џејми Варди.
Дополнително, вреди да
се издвои и фактот што долгогодишниот познаник на Алардајс, Стив Волш
моментално ја обавува функцијата директор во Евертон, долго време работеше во
Лестер, а воедно има одлични релации со Варди, токму тој би можел да биде
клучната личност околу евентуална реализација на овој трансфер.