Речиси сите медиуми на
Островот ја потврдија информацијата дека Евертон го договорил напаѓачот Ченк
Тосун за засилување идниот месец, во јануарскиот преоден рок, а ова прво во
јавноста го изнесе турската ТВ станица „НТВ Спорт“.
Турчинот ги договорил
сите услови со тимот од Ливерпул, договор паднал и помеѓу Бешикташ и Евертон,
па од идниот месец фантастичниот напаѓач ќе го видиме во Премиерлигата.
Тосун ќе заработува
четири милиони евра по сезона, а до крајот на оваа ќе добие половина од тоа.
26 годишниот напаѓач со
четири гола го предводеше најпријатното изненадување во новата сезона од Лигата
на шампионите, турскиот првак Бешикташ до прво место во групата во ова
натпреварување, а во осминафиналето за противник го доби Баерн Минхен.