Еве зошто Нејмар сака да замине од ПСЖ: ПЕТ причини поради кои Бразилецот бара трансфер

by
2 минути читање

Нејмар, кој во моментов е надвор од терените поради повреда, во последно време често е во фокусот поради можноста летоска да ја промени средината. Напаѓачот се опоравува во родниот Бразил и целта е да се врати на терените за последните три меча од првенството на Франција против Амиен, Рен и Kаен со цел да влезе во топ форма пред мундијалот во Русија.

Според УОЛ Еспорте, овие мечеви би можеле да бидат последни за Нејмар во дресот на ПСЖ. На играчот не му се допаѓаат неколку работи во Лиг 1 и поради ова може да замине од Паркот на Принцовите по само 12 месеци

Често е мета на противниците

Нејмар верува деак фудбалерите во Лиг 1 често преосто стартуваат врз него. Во Франција, во просек на еден натпревар е фаулиран скоро шест пати (5,7) додека во Шпанија тој просек беше далеку помалку (3,5).

Попусливи судии

Бразилецот исто така смета дека не е доволно заштитен од судиите и верува дека имало јасни прекршоци кои не му биле досудени. Тој постојано се жали на судиите кога е на теренот.

Квалитетот на првенството

Нејмар сака да се закити со „Златната Топка“ и сега откако се преселил во Франција од прва рака увидел дека Лиг 1 не е на потребното ниво. На напаѓачот му треба посилно првенство за да има поголеми шанси за освојување на оваа индивидуална награда.

Терените на противничките екипи

Висока трева и многу дупки. Нејмар е разочаран од состојбата на терените на противниците, кои на сите начини се обидуваат да оневозможат ПСЖ да игра брз фудбал. Покрај тоа Бразилецот смета дека лошите терени ги зголемуваат шансите за повреда.

Патување со автобус и карантин

ПСЖ има навика често да патува на гостувањата со автобус и ова не му се допаѓа на Нејмар. На напаѓачот исто така му е преку глава од карантинот на Емири и тоа што неколку дена пред натпреварите целиот тим заминува во хотел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани