Доколку го погледнете
резултатот на Ливерпул во победата над Спартак Москва, па и општо гледано како
функционира офанзивниот ред на англискиот Премиерлигаш, веројатно би се
запрашале како би играл тимот на Јирген Клоп ако додатно во составот го има и
Наби Кеита во средината од теренот.
Тој ќе му се приклучи на Ливерпул од јули идната година, а Премиерлигашот за него ќе издвои фантастични 55 милиони евра, онолку колку што стои во откупната клаузула во неговиот договор со Бундеслигашот.
Кеита имаше одличен соло
продор против Бешикташ во поразот на Лајпциг од 1-2 пред своја публика, а
притоа вреди да се издвои и неговиот фантастичен статистички учинок од мечот.
Веројатно Ливерпул ќе биде супер-засилен во средниот ред, а нападот би имал одлична соработка со Кеита, кој, полека но сигурно се „загрева“ за црвениот дрес.
Статистиката на Кеита во дуелот со Бешикташ…