Лео Меси важи за еден
од најдобрите и најпопуларните играчи во светот, но Аргентинецот не ужива ваков
статус и во Кина.
Агенцијата за маркетинг
во спортот, Мејлмен денеска го објави својот најнов извештај „Ред Кард“ според
кој, Кристијано Роналдо е највлијателниот фудбалер во Кина а Лео Меси не е ниту во топ 5.
Како основа за
истружувањето се земени податоци од различни социјални мрежи во период од 1.
септември до 31. декември 2016.
Зад ЦР7 се наоѓаат
Месут Озил од Арсенал, неговиот соиграч од Реал Мадрид, Герет Бејл како и
двоецот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал и Вејн Руни.
Кога се во
прашање клубовите, Манчестер јунајтед е на тронот пред Баерн Минхен.
Германската
Бундеслига е најпопуларно првенство, најмногу благодарејќи на тоа што во Кина има
продадено права за стриминг во живо.
Кина е особено
атрактивна од економски аспект за клубовите бидејќи се работи за државата со
најголема популација во светот.