Ерменија не е наивна селекција, но Македонија ќе нападне за нова победа

by
1 минути читање

По вчерашната победа над Лихтенштајн, македонските фудбалери веднаш се фрлија на работа за следниот дуел. Денеска беше одржан првиот тренинг во Ереван во пресрет следниот меч од Лигата на нации, гостувањето кај Ерменија.

Репрезентативците денеска работеа во две групи. Играчите што играа против Лихтенштајн имаа полесен тренинг, останатите работеа со полн интензитет.

„Тука сме да одиграме најдобро што можеме, Ерменија не е така наивна репрезентација, и не не залажува нивниот пораз од Гибралтар. Верувам дека ќе бидеме во ниво и дека ќе ја продолжиме добрата серија”, изјави Стефан Ристовски.

Ферхан Хасани ја потенцира одличната атмосфера и вели дека Македонија утре ќе нападне на четврта победа во Лигата на нации.

„Имаме одлична атмосфера после победата над Лихтенштајн и добрите резултати што ги постигнуваме во серија. Ни треба само бод но во Ереван сме да нападнеме победа”, вели Ферхан Хасани.

Македонија утре ќе го има официјалниот тренинг на стадионот на кој во вторник од 18 часот ќе го играме мечот против Ерменија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани