Ерлинг Халанд под знак прашалник и за дуелот со Ливерпул!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити во следното премиерлигашко коло викендов ќе го дочека Ливерпул, а за овој натпревар „граѓаните“ добија сериозен удар.

Пред мечот во Лигата на шампионите со Реал во Мадрид од комбинација поради повреда отпадна Ерлинг Халанд. Станува збор за повреда на коленото поради која Норвежанецот е под знак прашалник и за премиерлигашкото дерби.

Не знаеме дали Халанд ќе може да игра против Ливерпул. Тренираше со тимот, ама покажа мали знаци на замор и повреда. Конечната одлука ќе ја донесеме со медицинскиот тим пред мечот“, изјави Гвардиола.

Дерби дуелот во Премиер лигата е на програмата во недела, се игра на „Етихад“ во 17:30.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани