Фудбалерот од
средниот ред е обврзан кон „Спарси“ до 2020, на маса има предлог за
продолжување на соработката за двојно поголема плата, но се уште нема
одговорено, па Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата.
Вчера,
„Индипендент“ објави дека „кралевите“ се подготвени да платат 100 милиони фунти
(околу 111 милиони евра), а во исто време „АС“ пренесе дека лидерите на Реал
пред два месеци се распрашувале за Данецот, но од страна на Тотнем добиле
изненадувачки одговор и порака дека Кристијан Ериксен вреди 250 милиони евра.
Самиот играч по синоќешната победа над Челси во полуфиналето од Лига купот ги прокоментира
сториите.
„Не мислам на
гласините. Се фокусирам само на фудбалот, има многу битки на кои треба да
мислам, и кои треба да се добијат. Шпекулациите се појавуваат по кој знае кој
пат, и јас немам контрола врз тоа што весниците пишуваат. Ако нема ништо
конкретно, јас само треба да коментирам шпекулации“ – вели Ериксен.
Со оглед на тоа
дека договорот му истекува за 18 месеци, Тотнем тешко дека има адути да
бара рекордна сума од 250 милиони евра за неговите услуги, но „Спарси“
сигурно ги радува тоа што Ериксен смета дека преговорите за нов договор се
одвиваат добро.
„Мислам дека
луѓето знаат што сакам, а и јас знам што тие (Тотнем) би сакале. Се води добар
диалог“.