Енрике во проблем: ПСЖ во реваншот против Баерн ќе биде без еден од најдобрите

by Стефан
1 минути читање

Пари Сен Жермен доби сериозен удар за реваншот откако беше потврдено дека еден од најдобрите фудбалери на гигантот од Париз, Ашраф Хакими, ќе го пропушти реваншот против Баерн во Лигата на шампионите.

ПСЖ синоќа на „Паркот на принцовите“ со 5:4 го совлада Баерн во натпревар кој многумина веќе го нарекуваат еден од најдобрите во историјата на Лигата на шампионите. Сепак, триумфот беше засенет од повредата на одличниот десен бек.

Хакими заработи повреда на коленото и веќе е потврдено дека нема да биде подготвен за реваншот што се игра во среда во Минхен.

Таму ПСЖ ќе ја брани минималната предност од првиот меч и ќе се обиде да обезбеди пласман во големото финале на Лигата на шампионите.

Да потсетиме, ПСЖ е актуелен европски шампион, откако минатата година во финалето убедливо го совлада Интер со 5:0 и за првпат се искачи на врвот на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×