Енрике: Прифаќам фановите да ме свиркаат мене, но не и фудбалерите

by
1 минути читање

Навивачите на Барселона се гневни поради понижувањето кое го доживеаа од ПСЖ, поразот од 4-0 е еден од најтешките кои ги виделе.

Барса не блескаше ниту против Леганес, победи тешко, со гол од пенал во самиот финиш од мечот, а Лео Меси не се ни радуваше по постигнатиот погодок.

Навивачите го свиркаа Луис Енрике, упатија свирежи и до фудбалерите. Атмосферата на Камп Ноу е далеку од посакуваната. Дури и играч како Иниеста доби свирежи кога беше изваден од игра.

„Прифаќам дека фановите ме свиркаат мене поради поразот во Париз, но не треба да им свират и на фудбалерите“ – вели Луис Енрике.

„Не разбирам. Нема поента како навивач да го свиркате фудбалерот од вашиот тим. Секој може да го искаже своето незадоволство како сака. Но тоа што му го направија на Иниеста ме иритира“.

„Ги сфаќам оние кои ме свиркаат мене, јас сум тренер и по такви перформанси како во Париз треба да ги прифатам критиките“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани