Енрике има еден услов за да го наследи Венгер, на фановите сигурно ќе им се допадне

by
1 минути читање

Арсен Венгер го
напушта кормилото на „Топчиите“ по 22 години, па медиумите споменуваат еден куп
имиња како можни наследници на Французинот. Се говори дека Луис Енрике е
најсериозен кандидат, но според пишувањата на Сан, Шпанецот има еден услов.

Поранешниот
предводник на Барселона бара трансфер буџет од 200 милиони фунти. Со овие пари
тој планира да направи голема реконструкција на тимот.

Безбедни се само
Лаказет и Обамејнаг, Луис Енрике е здоволен од нападот, но ќе има промени во
одбраната и средниот ред, а ќе биде донесен и нов голман како замена за
ветеранот Петр Чех.

Сан додава дека
една од желбите е ангажман на Раџа Наинголан од Рома. Една ваква зделка ќе биде
напуштање на долгогодишната стратегија на Арсен Венгер, кој преферираше
ангажман на млади играчи, кои потоа ќе се развијат и ќе блеснат во Арсенал. Белгиецот
има 29 години и веќе е докажан фудбалер.

На фановите
сигурно ќе им се допадне условот на Луис Енрике, со оглед на тоа дека со години
бараат Арсенал да го одврзе ќесето, но останува да се види дали и како ќе биде
исполнето едно вакво барање. Неодамна се појавија гласини дека наследникот на Арсен
Венгер ќе добие само 50 милиони фунти за засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани