Емотивно писмо на Тоти до Буфон

by
2 минути читање

Франческо Тоти ја
помина целата своја фудбалска кариера во Рома, ист беше и случајот со Џанлуиџи
Буфон кој ја игра последната сезона во дресот на Јувентус каде мина долги
години, а поранешниот фудбалер на Римската волчица му испрати доста емотивно
писмо на својот екс соиграч од репрезентацијата на Италија, но и ривал на
теренот.

Јас не можев да
се одвојам од мојот дрес, за мене беше многу тешко, вознемирувачки да ставам
крај на сето тоа, да речам доста е. Кога го соопшти твоето заминување од
Јувентус, повторно ми се вратија чувствата како во периодот кога јас се
повлеков, не можам да ти кажам како ќе се чувствуваш кога ќе се најдеш повторно
на твојот стадион, ниту што ќе ти минува низ главата во иднина, кога ќе одлучиш
дали да продолжиш, или да застанеш. Се сретнавме како деца, станавме капитени и
мажи. Го браневме истиот дрес, се боревме и за друг, јас црвено-жолтиот, ти
црно-белиот. Гледам сеќавања од мундијалските натпревари, пехарот од Берлин,
нашите прегратки
“ стои во делот од неговото писмо до неговиот поранешен соиграч
од репрезентацијата на Италија, но и ривал од редовите на Јувентус.

Ќе ти кажам едно
огромно благодарам за тоа што ми беше противник на теренот, но и соиграч, таков
каков што ми беше
“ додава тој.

П.С. Доколку
имаш потреба од некој совет во периодот кој претстои, побарај ме, јас за тебе
секогаш ќе сум тука
“ заврши во своите зборови легендата на Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани