Заврши
долгогодишната соработка помеѓу Арсенал и Арсен Венгер, а истата беше
проследена со успеси, но и неуспеси низ годините, сепак, францускиот стратег
издвои дека нетрпеливоста кај фановите довела до таква негова одлука, па него
ќе го наследи Унаи Емери, тој не криеше импресии од тоа што ќе биде нов тренер
на тимот од Лондон.
„Среќен сум што
доаѓам во еден од најдобрите фудбалски клубови во светот. Арсенал има огромна
популарност и многу фанови зад себе. Имам големи симпатии кон овој клуб, имаше
преубав стил на игра, голема приврзаност кон младите фудбалери, преубав
стадион, а начинот на кој функционира клубот е на одлично ниво. Многу сум
возбуден и среќен поради тоа што пишувам едно ново поглавје во историјата на
Арсенал“ издвои Емери во својата прва изјава по официјалната промоција на
клупата на Премиерлигашот.
Емери во Арсенал
дојде од тимот на ПСЖ, а претходно, 46 годишниот тренер ги предводеше Валенсија,
Спартак Москва и Севиља.