Емери: Судиските одлуки беа против нас

by
1 минути читање

ПСЖ и Унаи Емери доживеаа вистински шок на Камп Ноу, отпатуваа со предност од 4-0 која не успеаа да ја сочуваат, загубија со 6-1 и со наведнати глави заминуваат во Париз.

„Кога ќе анализираме, вистина е дека пропуштивме огромна можност. Во првото полувреме не бевме на нивото, не успевавме да ја контролираме топката, се браневме длабоко и тие имаат повеќе шанси за гол. Направивме грешки за првите два гола“ – вели Емери.

„Во вториот дел бевме посмирени, подобро позиционирани. Имавме шанси за 3-2, не дадовме гол. Судиските одлуки беа против нас и загубивме се во последните минути. За нив последните минути беа да се биде или не, и успеаа“.

„Ова е негативно искуство за мене и за клубот. Треба да учиме од него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани