61
По стартот на Светското првенство повторно во фокусот се најде Ивана Кнол, најпознатата хрватска навивачка која редовно ги привлекува погледите на големите фудбалски натпреварувања.
Покрај нејзиното појавување на трибините, повторно се зборува и за приказната дека би се соблекла гола доколку Хрватска ја освои светската титула. Ваквите шпекулации се појавија уште за време на Мундијалот во Катар, но Кнол тогаш ги демантираше и порача дека никогаш не дала такво ветување. Сепак, темата повторно се наметна со новиот настап на „коцкестите“ на Светското првенство.
Кнол беше на трибините во Далас за време на поразот на Хрватите од фаворитот Англија (4-2) во првото коло.