Интер го продолжи договорот на Киву, и му договори засилување од 50 милиони евра

by bojan
1 минути читање

„Нероаѕурите“ вечерва соопштија дека Кристијан Киву ставил потпис на нов договор со трајност до 2028 година, стратегот наскоро ќе го добие и првото засилување за новата сезона.

Кристијан Киву минатата сезона го предводеше Интер до двојна круна, триумф во Серија А и Купот на Италија, па веднаш беше награден со нов договор.

Вечерва пристигна потврда дека стратегот се обврзал на соработка до 2028 година, а како што пренесуваат медиумите, тој во иднина ќе заработува помеѓу 3 и 3,5 милиони евра по сезона.

Кристијан Киву наскоро ќе го добие и првото засилување за новата сезона, голем број на извори објавија дека на денешниот состанок помеѓу Интер и Аталанта, на маса биле ставени 50 милиони евра за Марко Палестра.

Двете страни сега треба да ја финализираат структурата на бонусите, како и процентот од следната продажба, но постои оптимизам дека ќе падне дил до крајот на следната недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×