119
Вардар ги дозна деталите за европскиот предизвик што го очекува на стартот од новата сезона во квалификациите за Лигата на шампионите. Најтрофејниот македонски клуб во првото претколо ќе се соочи со финскиот шампион Купс, а првиот натпревар ќе се игра во Скопје.
„Црвено-црните“ ќе бидат домаќини на 7 јули на Националната арена „Тодор Проески“, а почетокот на средбата е закажан за 19:00 часот.
Реваншот ќе се одигра една седмица подоцна во Финска, кога ќе биде познат и патникот во следната рунда.