Добро упатени извори од Бразил пренесоа дека Нејмар ќе замине под нож, самиот играч уште вчера одлучил за ова со цел да биде подготвен за Светското првенство.
Сепак, Унаи Емери ги демантира ваквите стории. На денешната прес конференција, тренерот на ПСЖ рече: „Лага се написите дека Нејмар оди на операција. Утрово разговарав со докторите и тој ми објасни што покажале тестовите. Разговарав и со Антеро (Енрике, спортскиот директор), претседателот и играчот“.
„Ќе видиме како тој ќе се чувствува деновиве и потоа ќе донесеме одлука, заедно со играчот. За ваква одлука (да се замине под нож) потребно е многу трпение и разговор помеѓу сите инволвирани страни“.
Нејмар сака да игра на секој натпервар, фокусиран е на реваншот со Реал. Може да настапи на 6. март, но шансите се мали.