276
Германскиот „Билд“ пишува дека Тухел добил двегодишен договор со ПСЖ со опција да биде продолжен за уште една година.
44-годишниот Германец се поврзуваше со Арсенал и Челси, дури и со Баерн Минхен, но ПСЖ ќе биде неговиот следен предизвик.
Наскоро се очекува овие вести и официјално да бидат соопштени од францускиот клуб.
Заминувањето на Емери не е изненадување, раководството на клубот не е задоволно од неговиот учинок, му ги донесе Нејмар и Мбапе, тимот се уште е далеку од европска доминација.