Нејмар вечерва ги исплаши сите на Паркот на Принцовите откако се пожали на повреда и беше изнесен на носилка со солзи во очите.
По крајот на натпреварот, Унаи Емери излезе со прва прогноза и истакна дека играчот заработил дисторизја на скочниот зглоб.
„Се чини дека се работи за дисторзија, но ќе мора да направиме повеќе тестови. Тој е претпазлив но мораме да бидеме оптимисти. Ако ме прашате сега дали ќе може да настапи против Реал Мадрид ќе ви одговорам ДА“ – порача Шпанецот.
Се најавува дека утре ќе биде направена МРИ снимка која ќе треба да ја покаже точната штета на скочниот зглоб, па сите во ПСЖ со нетрпение ќе ги чекаат резултатите.
Доколку не се повредени лигаментите, Нејмар веројатно ќе биде подготвен за реваншот со Реал Мадрид. Но доколку Бразилецот ги оштетил лигаментите може да паузира и до неколку месеци, во зависност од тоа дали тие се истегнати или скинати.