Арсенал е очаен, а
очајноста најболно ја прифати едно детенце, кое, барем според тоа што го
видовме викендов е страствен Топчија.
Арсенал загуби убедливо
со 0-3 од Манчестер Сити во финалето од Лига Купот, а детенцето беше уловено од
камерите како плаче по тој пораз на својот омилен тим.
Мохамед Елнени мечот со
Сити го проследи од клупата за резервни фудбалери и не доби прилика за настап,
а токму Египјанецот беше фудбалерот кој се одлучи да реагира на солзите на
младиот навивач на Арсенал, до кого испрати порака, но и ветување.
„Слушај, твоите солзи се
толку скапоцени за сите нас. За твое добро, и за доброто на сите фанови на
Арсенал, ти ветувам дека ќе се борам за да се врати насмевката на твоето лице“
му порача Елнени.
class="twitter-video" data-lang="en">