Елиф Елмас е задоволен од прикажаното на Македонија, но и жали што не ги освоивме трите бода бидејќи имавме доволно шанси да го направиме тоа.
Македонија одигра 1-1 против Белгија, израмнивме со прекрасен гол на Алиоски во финишот, но пропуштивме и убави шанси за повќепати да ја затресеме мрежата на силниот противник.
„Имавме две стативи во првото полувреме, среќата не беше на наша страна, но можеме да бидеме задоволни затоа што покажавме добра игра, квалитетна игра против ваков ривал. Покажавме дека можеме да играме против сите селекции. Не можам да бидам среќен, но задоволен сум од резултатот“, кажа Елмас.
„Гледаме на секој меч да дадеме максимум и на следниот меч одиме на три бода. Сакаме да оставиме сè што можеме од нас на теренот. На сите ни е сон пласман на СП, тоа е поттик за сите и работиме на таа цел. Се надевам дека ќе освоиме три бодови против Казахстан в понеделник“.