Ервин Куман е
новиот шеф на стручниот штаб на турскиот гигант Фенербахче, а тој доаѓа на
местото на неговиот сонародник Филип Коку кој доби отказ од раководството на
клубот по серијата лоши резултати.
Фенербахче е во
тешка ситуација од која ќе мора брзо да се рехабилитира, во моментов по десет
одиграни кола во Суперлигата на Турција се наоѓа на 15. место на табелата со 9
освоени бода, или, цели 12 бода заостанување зад лидерот Истанбул Башакшехир.
Довчерашниот
помошник на Коку ќе има тешка задача да го рехабилитира клубот, а за очекување
е нашиот репрезентативец Елиф Елмас да продолжи да добива одлична минутажа која
и досега ја имаше.
18 годишниот Македонец на десет натпревари во Суперлигата на Турција во новата сезона постигна еден гол.