Елмас би можел на позајмица во новиот прволигаш на Турција?

by
2 минути читање

CNN Turk“ излезе со поширока анализа за тоа што го
чека Фенербахче летово во однос на потенцијалните засилувања кои се
споменуваат, како и фудбалерите од тимот кои се на прагот да си заминат.

Во втората
категорија е и нашиот Елиф  Елмас за кого
се почесто турските медиуми пишуваат дека ќе си замине од Фенербахче, се
споменуваа неколку гиганти од типот на Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, но во
игра беше и да биде испратен на позајмица за да добие поголема минутажа.

Најнова опција за
нашиот репрезентативец е Анкарагучу, старо-новиот прволигаш на Турција кој во
изминатата сезона од второлигашкиот шампионат на таа земја заврши на второто
место, обезбедувајќи директен пласман во Суперлигата.

Младиот талент
од Македонија Елиф Елмас, кој беше доведен во клубот на почетокот од сезоната,
е на радарот на Исмаил Картал. 56 годишниот тренер ги проследи сите фудбалери
од неговиот поранешен клуб Фенербахче, а неговата желба е да го позајми Елиф
Елмас. Оодговорот ќе го добие наскоро
“ пишува „
CNN Turk.

Инаку Исмаил
Картал е поранешен фудбалер на Фенербахче во чиј дрес има одиграно 236
натпревари, а мина дури десет години од својата кариера во тимот од Истанбул
кого го предводеше во сезоната 2014/15, а четири години во низа претходно беше
асистент.

 

Извор: cnnturk.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани