90
Барселона ја продолжи победничката серија во шпанската Ла Лига, совладувајќи го Елче со 3-1 во рамките на 11. коло од првенството.
Каталонците рано го отворија ррезултатот на „Олимпик Луис Компанис“, Ламин Јамал и Феран Торес со два брзи гола донесоа сигурна предност од 2-0. Гостите успеаа да се вратат во игра во самиот финиш на првото полувреме преку Мир, но тоа беше сè што направија вечерва.
На почетокот од второто полувреме Маркус Рашфорд го потврди триумфот на Барселона, која без поголеми проблеми го задржа водството до крајот на натпреварот.