Египјанецот не славеше за голот: Салах погоди против „своите“, Ливерпул води против Рома! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интересна
пресметка следиме помеѓу Ливерпул и Рома во првиот дуел помеѓу овие две екипи
во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Шанси во
почетната фаза од средбата на Енфилд имаше на обете страни, но први до водство
дојдоа домаќините и тоа со голот на Мохамед Салах во 36. минута.

Египјанецот прими
употреблива топка и упати удар по кој Алисон едноставно беше немоќен да го одбрани. Салах имаше преубав гест по голот, откако гестикулираше на извинување по постигнатиот погодок против својот поранешен клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани