Едно полувреме и беше доволно на Барса, „Каталонците“ сигурно чекорот кон титулата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Едно полувреме им
беше доволно на „Каталонците“ да прокнижат нови три бода, на Камп Ноу
избраниците на Валверде без многу мака триумфираа над Атлетик со 2-0.

Барселона одлично
го отвори натпреварот со неколку закани по голот на Аризабалага, кој
капитулираше веќе во 8. минута. Алба му асистираше на Алкасер за 1-0, но
левиот бек можеби беше во офсајд во моментот кога ја прими топката.

Гостинскиот
голман капитулираше уште еднаш по половина час игра, Меси мајсторски биеше од
долниот десен агол за 2-0.

Во вторите 45 минути Барса само рутински одработуваше и не се трудеше премногу
да го загрози голот на противникот. Атлетик се обиде да го искористи ова и да
се врати во игра, но „Каталонците“ со солидна игра во одбрана не дозволија Тер
Штеген да биде совладан.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани