66
Манчестер Сити на
два пати забележа пораз од Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите,
па уште во оваа фаза забележа елиминација.
Имаше искри на
теренот на мечот кој се одигра на Итихад арената во Манчестер, една од тие беше
судирот помеѓу Едерсон и Мане.
Бразилскиот чувар
на мрежата од голот на Сити револтиран од тоа што фудбалерот на Ливерпул не
беше внимателен во стартот врз Отаменди, го истури својот бес врз него.
Ќе
потсетиме дека Едерсон забележа тешка повреда пред извесен период кога Мане без
никакво внимание со врвот од копачките удри во неговото лице обидувајќи се прв
да дојде до топката во еден дуел од Премиерлигата.