Англискиот ветеран Ешли Јанг објави крај на својата професионална кариера по повеќе од 22 години минати во фудбалот.
Поранешната ѕвезда на Англија и Манчестер Јунајтед, кој во моментов настапува за Ипсвич каде што е од 2025 година ја потврди веста преку социјалните мрежи.
„Од Сефтон Роуд до Викариџ Роуд, па Вила Парк, па Вембли, па Олд Трафорд, па Сан Сиро, назад до Вила Парк, па Гудисон Парк и конечно до Портман Роуд. Ова беше патување за кое сонував како дете! Но, секој сон има крај, а сабота можеби ќе биде мојот последен натпревар во професионалната кариера. 23 години и заминувам“, напиша Јанг.
Тој посочи дека ова би можел да биде негов последен настап, со оглед дека не е сигурно дали Ипсвич ќе избори директна промоција во Премиер лигата или ќе игра плејоф. Доколку тимот не обезбеди директен пласман, Јанг ќе одигра уште најмалку еден натпревар во плејофот, по што и официјално ќе стави крај на кариерата.
Јанг заминува во пензија како еден од последните симболи на генерацијата на „црвените ѓаволи“ предводена од легендарниот Алекс Фергусон. Беше дел од последниот шампионски тим на Јунајтед во 2013 година. Во текот на кариерата настапуваше и за Интер, Астон Вила, Евертон и Вотфорд. За репрезентацијата на Англија одигра 39 натпревари и постигна седум голови.