Еден од најдобрите напаѓачи во Европа прави изненадувачки трансфер од 50 милиони евра?

by Стефан
1 минути читање

Еден од најдобрите европски напаѓачи во овој момент и ѕвезда на Баер Леверкузен би можел да направи изненадувачки трансфер и да ја напушти Европа.

Германските медиуми денеска пренесуваат изненадувачка вест дека челниците на Ал Наср допатувале во Леверкузен на преговори со понуда која тешко се одбива.

Наводно, клубот од Саудиска Арабија е подготвен да плати 50 милиони евра за потписот на Бонифесј и фудбалерот е расположен да заигра во ова првенство. Исто така еден од најпознатите германски новинари, Флоријан Плетенберг истакна дека за очекување е Бонифејс да ја промени средината.

Неговото заминување би било сериозен удар за тимот на Чаби Алонсо бидејќи напаѓачот зад своето име од доаѓањето има 29 голови и 11 асистенции на 49 натпревари.

Немаше да биде преголемо изненадување ако во прашање беше некој европски гигант, меѓутоа не се очекува Бонифејс на 24 години во таква форма да се пресели во Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани