Eден од најдобрите голгетери во светот е на чекор да сруши рекорд стар повеќе од половина век

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Спортинг продолжуваат да доминираат во португалскиот шампионат, откако во последното коло со убедливи 5-0 ја совладаа екипата на Боависта.

Главната ѕвезда на вечерта повторно беше шведскиот голгетер Виктор Ѓекереш, кој постигна неверојатни четири погодоци и уште еднаш ја потврди својата фантастична форма оваа сезона.

Со новото гол шоу, Ѓекереш стигна до бројката од 38 голови во првенството и дополнително се зацврсти како водечки стрелец. Притоа, се доближи и до рушење на еден од најстарите рекорди во историјата на португалската лига. Легендарниот Хектор Јазалде во сезоната 1973/74 постигна 46 голови во дресот на Спортинг, бројка што децении наназад изгледаше недостижна.

Сега, Ѓекереш е на само осум погодоци од легендарниот рекорд, а со оглед на неговата импресивна форма и неколкуте преостанати кола до крајот на сезоната, навивачите на Спортинг со право сонуваат за историски момент.

Со оваа убедлива победа, Спортинг остана цврсто на врвот на табелата, а Ѓекереш од натпревар во натпревар продолжува да испишува нови златни страници во историјата на клубот и португалскиот фудбал.

Фото: Sporting CP/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани