Еден фудбалер на Интер влегол во клинч со Инзаги по тешкиот пораз од ПСЖ

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Давиде Фратези влегол во клинч со Симоне Инзаги по тешкиот пораз на Интер од ПСЖ во финалето на Лигата на шампиони, фудбалерот од средниот ред прашувал, „Зошто не ме пушти во игра?“

Интер нема по што да ја памети пресметката против ПСЖ во Минхен, прими рекордни пет гола и доживеа ново разочарување.

Еден фудбалер особено му бил лут на Симоне Инзаги, како што пренесува Газета дело Спорт, Давиде Фратези влегол во клинч со тренерот.

Фудбалерот, кој постигна клучни голови против Баерн (токму во Минхен) и против Барселона не бил задоволен што 90 минути седел на клупа па го кренал гласот и прашувал, „Зошто не ме пушти во игра?“

Со овој потег, Давиде Фратеси само дополнително ја ставил својата иднина во Интер под знак прашалник, се шпекулира дека Италијанецот сигурно ќе замине доколку Симоне Инзаги остане на кормилото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани