Доколку Ливерпул ја освои Лигата на шампионите златен медал ќе добие и Филипе Кутињо кој играше за црвените во групната фаза од ова натпреварување.
Кутињо играше пет меча за Ливерпул во Лигата на шампионите и постигна пет голови. Во последниот меч од групната фаза реализираше хет-трик против Спартак Москва.
Но, Бразилецот од јануари е член на Барселона. Поради настапот за Ливерпул не можеше да игра за каталонците во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Поради настапит на тие пет меча за Ливерпул и на Кутињо му следува медал доколку англискиот тим ја освои Лигата на шампионите, но на крајот клубот треба да одлучи дали ќе му го даде медалот.
Според правилата на УЕФА, на победникот му следуваат 40 златни медали, а на поразениот 40 сребрени медали.