460
Барселона со
убедлива победа од 4-1 над Рома веќе е со една нога во полуфиналето од Лигата
на шампионите, а напаѓачот на италијанскиот калчолигаш, Един Џеко се пожали на тоа
како холандскиот арбитар Дени Макелие ја делеше правдата на средбата на Камп
Ноу.
„Резултатот не е
реален, три од четирите погодоци беа автоголови, ако пеналот врз мене беше
досуден на почетокот од мечот, тоа во целост ќе го сменеше текот на
натпреварот, без разлика дали ќе погодевме од таа ситуација. Судијата
едноставно немаше храброст да досуди пенал против Барселона на Камп Ноу“ рече
стрелецот на единствениот гол за Рома.