202
Двата тима се
изедначени на табелата и се борат за место во Лигата на шампионите, па се
најавуваше жестока битка за бодовите.
Лацио и Рома наметнаа интензивно темпо но немаше многу 100% шанси. Најзрелната прилика во
првиот дел ја имаа гостите преку Бруно Перес, но ударот на Бразилецот заврши
само во стативата.
Лацио последните
15 минути ги одигра со играч помалку, но и покрај тоа создаде одлична шанса
која Марушиќ не успеа да ја реализира.
Рома можеше да
стигне до цел плен во судиското надополнување но Един Џеко промаши три шанси во
период од една минута. Стракоша најпрво го одбрани ударот на Босанецот, вториот
пат се затресе рамката од голот, а третиот обид заврши крај голот.