Џан би можел да го пропушти Мундијалот?

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Ливерпул, германскиот репрезентативец Емре Џан според најавите,
би можел да го пропушти остатокот од сезоната, до крај, поради повредата со
која се здоби.

Дел од англиските
медиуми шпекулираат дури и дека Џан би можел да го пропушти Светското првенство
во Русија кое се одржува претстојното лето.

Повредата на Џан
е многу полоша од тоа што се претпоставуваше, можеби веќе последен пат играше
во дресот на Ливерпул
“ пишуваат дел од медиумите на Островот, мислејќи на тоа
што 24 годишниот фудбалер актуелниот важечки договор со тимот од Енфилд му
истекува претстојното лето, а опцијата за преселба во Јувентус е и натаму
активна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани