Џака е бесен на соиграчот кој доби црвен картон!

by riste
1 минути читање

Баер Леверкузен со 3-0 загуби на гостувањето кај Баерн Минхен и се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите.

Еден од најдобрите играчи на Леверкузен е искусниот Џака кој по мечот не се штедеше за да го искаже бесот кон Мукиеле кој доби два жолти картони и порано го заврши натпреварот.

„Иако тие рано поведоа, ние влеговме добро во натпреварот, а потоа дојде тој глупав црвен картон кој беше баш непотребен. Се се случи далеку од голот и Мукиеле не мораше тоа да го прави. Многу сум фрустриран и лут, морам да вдишам длабоко за да не кажам нешто полошо“, рече Џака по мечот.

Во однос на судењето, тој имаше забелешки и на досудениот пенал за Баерн кој во гол за 3-0 го претвори Кејн. Швајцарецот смета дека главниот судија Мајкл Оливер престрого покажал на белата точка и дека во Премиер лигата не суди вакви пенали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани