125
Црвена Звезда беше едно
од најпријатното изненадување во групната фаза од второто по ранг европско
клупско натпреварување, но белградскиот тим уште во првата рунда од
елиминациите падна, и тоа од ЦСКА Москва.
Рускиот тим откако
одигра без голови на првиот меч на гостински терен, денеска на домашен терен
славеше минимална победа од 1-0, а единствениот гол на средбата беше дело на
Џагоев во финишот од првото полувреме.