68
Милан им се врати на победите во Серија А откако вечерва со 3-0 го совлада Емполи, Тиџани Рајндерс два пати ја тресеше мрежата, еднаш во листата на стрелците се запиша Алваро Мората.
По двата нерешени натпревари против Каљари и Јувентус, Милан стигна до цел плен во Серија А, избраниците на Фонсека со 3-0 го совладаа Емполи
Алваро Мората го отвори резултатот во 18. минута, за Тиџани Рајндерс пред крајот на првиот дел да погоди за 2-0.
Во 69. минута од пресметката на „Сан Сиро“, на Рајндерс му беше оставен премногу простор па Холанѓанецот прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 3-0.