182
Англија во овој
момент (40. минута) има минимално водство над Италија во контролниот меч како
дел од подготовките во пресрет на Светското првенство во Русија претстојното
лето.
Мечот во Лондон
на „Вембли“ на резултатски план го отвори Варди, а на истиот најнапред му
претходеше грешка во средниот ред на гостинскиот табор, по што следеше
супер-брза реакција на домаќините.
Дури и снимателот
за момент задоцни по брзата реакција на Деле Али во изведувањето на прекршокот
и асистенцијата до Варди кој го „матираше“ Донарума.