158
Ливерпул преку Филипе
Кутињо, Окслејд Чемберлејн и Роберто Фирмино изненади неколку дечиња од
локално училиште во градот.
Дечињата мислеа дека се
интервјуирани на темата Ливерпул, но немаа никаква претстава дека зад нив ќе
излезат токму ѕвездите на тој клуб.
Интересна ситуација се
случи кога едно дете, навивач на клубот одговараше со да или не на прашањето
кој е добар фудбалер, одговори потврдно за Фирмино и Кутињо, но за Чемберлејн имаше негативен одговор, фудбалерот на Ливерпул го
слушна одговорот, се изнасмеа, а иста реакција имаа и неговите соиграчи.
„Ова го правев и во
Арсенал, но децата ме сакаа…“ рече Чемберлејн откако претходно доби критики
за тоа дека се уште треба да се докажува во клубот.