Дури 15,000 фанови на Борусија Дортмунд ќе го бојкотираат вечерашниот натпревар

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд
вечерва (20,30) на домашен терен го пречекува тимот од Аугзбург во редовното
коло од германската Бундеслига, а голем дел од домашните навивачи ќего
бојкотираат мечот.

Дури 15,000
навивачи на Милионерите ќе го бојкотираат вечерашниот меч, а како причина за
тоа се наведува протест поради натпреварите во понеделник.

Оваа сезона многу
германски навивачи останаа разочарани откако новиот договор за ТВ правата од
таа фудбалска земја донесе и нови експерименти, а на ова претходниот викенд
протестираа фановите на Ајнтрахт Франкфурт и Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани