Дуран го направи најскапиот трансфер во јануари, а за секој тренинг во Ал Наср ќе лета 500 километри!

by Стефан
1 минути читање

Џон Дуран го направи најскапиот трансфер во јануарскиот преоден рок и се пресели од Астон Вила во саудискиот Ал Наср за сума од 77 милиони евра, а интересно е што тој нема да живее во Саудиска Арабија, туку во Бахреин.

Имено, Дуран одлучил да живее во Бахерин затоа што сака да престојува со својата девојка. Во Саудиска Арабија тоа не би било можно поради законот да мораатда бидат венчани.

Поради ова тој на секој тренинг и натпревар ќе треба да патува 500 километри кои ќе ги поминува со авион обезбеден од клубот.

Така напаѓачот секој ден ќе мора да лета час и половина од Бахреин до Ријад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани