Пред две години Спартак Москва привлече огромно внимание откако на
социјалните мрежи станаа хит фотографиите од нивната докторка, Викторија
Гамеева.
Таа за кратко време го доби епитетот наследник на Ева Карниеро, симпатичната
докторока на Челси, која го напушти фудбалот по кавгата со Жозе Мурињо.
Славата која ја стекна со сликите кои ги постираше на Инстаграм, придонесе
на почетокот од 2017 да подели неколку интервјуа за медиумите од Русија, а во едно од нив беше
неизбежно прашањето за секс пред натпреварите.
Па како за загревање пред вечерашниот дуелот помеѓу Ливерпул и Спартак
Москва, таблоидите од Англија решија да потсетат на атрактивната Викторија
Гамеева и нејзините совети за секс.
„Од медицинска гледна точка, секс пред натпреварите ја подобрува
ефикасноста само кај жените. Се произведуваат голем број на хормони, па жените
кои се натпреваруваат во боречки вештини, можат да имаат корист доколку
практикуваат секс на пет или десет минути пред почетокот на мечот“ – вели Гамеева.
„Кај мажите, ефектот е спротивен. Тие треба да апстинираат од секс 2-3 дена
пред сериозен физички напор, на пример пред натпревар“.