Дрим-тимот составен од играчите кои Арсен Венгер „за малку“ ќе ги донесеше во Арсенал (ФОТО)

by
1 минути читање

Утрово „Топчиите“
соопштија дека 68 годишниот Французин ги одработува последните месеци како
менаџер на Арсенал, Арсен Венгер ќе се повлече од својата функција по крајот на
сезоната.

Стратегот помина
22 години на кормилото на клубот од Северен Лондон и ќе биде запаметен како
еден од најдобрите менаџери во историјата на Премиерлигата. Тој со своите идеи,
својата филозофија и начин на работа го промени фудбалот во Англија. 

И додека сите
негови колеги, поранешни играчи и поранешни ривали имаа пофални зборови и оддадоа почит за работата на Арсен Венгер,
фудбалските сеирџии не заборавија да потсетат на една работа, односно на тоа
дека стратегот следи многу играчи но купува малку.

Па тие одново
склопија најдобри 11 од фудбалери кои „за малку“ ќе завршеле во Арсенал. Во
составот се двајцата најголеми играчи на денешницата, Лео Меси и Кристијано
Роналдо.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани